Македонците сурфаат на најбрзиот интернет во регионот

Bez autora
Aug 28 2013

Македонските корисници сурфаат на најбрзиот интернет во регионот. Брзината на интернетот во Македонија, според резултатите од истражувањето на угледната компанија Акамаи, изнесува 3,3 мегабити во секунда (мбпс), во Хрватска е 3,24 мбпс, Албанија 2,8 мбпс, во Србија 2,39 мбпс, но од друга страна е многу побрзо од Босна и Херцеговина каде се сурфа со брзина од 1,97 мбпс. За Црна Гора нема податоци. Но, компанијата Акамаи тврди дека просечната брзина на широкопојасните врски во светот во првото тримесечје од годинава пораснала за 4% и моментално изнесува 3,1 мбпс. Според тоа, речиси во сите балкански земји се користи интернет кој е под светскиот просек, освен во Македонија и Хрватска...

Македонците сурфаат на најбрзиот интернет во регионотМакедонските корисници сурфаат на најбрзиот интернет во регионот. Брзината на интернетот во Македонија, според резултатите од истражувањето на угледната компанија Акамаи, изнесува 3,3 мегабити во секунда (мбпс), во Хрватска е 3,24 мбпс, Албанија 2,8 мбпс, во Србија 2,39 мбпс, но од друга страна е многу побрзо од Босна и Херцеговина каде се сурфа со брзина од 1,97 мбпс. За Црна Гора нема податоци.

Но, компанијата Акамаи тврди дека просечната брзина на широкопојасните врски во светот во првото тримесечје од годинава пораснала за 4% и моментално изнесува 3,1 мбпс. Според тоа, речиси во сите балкански земји се користи интернет кој е под светскиот просек, освен во Македонија и Хрватска.

Од друга страна, Јужна Кореја е земјата во која луѓето имаат можност да го користат најбрзиот интернет во светот. Според резултатите на порталот Машабл, брзината на интернетот во Јужна Кореја изнесува 14,2 мегабити во секунда, а по неа следи Јапонија со 11,7 мбпс, Хонг Конг со 10,9 мбпс, Швајцарија со 10,1 мбпс и Холандија со 9,9 мбпс. Со нешто помала брзина од 9,8 мбпс сурфаат жителите на Летонија, па на Чешката Република со 9,6 мбпс, Шведска со 8,9 мбпс, САД со 8,6 мбпс и десетта е Данска со 8,2 мбпс.

Првите три позиции од земјите со најбрз интернет ги држат три азиски држави, па според тоа, истражувачите на Машабл тврдат дека азиските земји, во просек, имаат најбрз интернет на светот. Во оваа студија се наоѓаат и шест европски држави со најбрз интернет на светот што значи дека Европа во просек има многу брз интернет.

Неодамна Европската комисија објави дека корисниците на Интернет во Европа имаат речиси 25% побавен интернет отколку што пишува во договорите за користење. Истражувањето покажало дека просечната брзина на интернет во Европа изнесува 19,7 мегабити во секунда, а давателите на интернет услуги во рекламите наведуваат брзини коишто тешко можат да се достигнат. Ова истражување е направено, бидејќи до крајот на 2013 година сакаат на сите домаќинства да им осигураат брзина од најмалку 30 мбпс, а од 2020 година барем половина од семејствата да сурфаат со брзина од најмалку 100 мегабити во секунда.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik